„Pfizer“ и „BioNTech“ на Србија ќе ѝ предадат документација за регистрација на вакцината

Американската „Pfizer“ и германската компанија „BioNTech“ ќе ѝ ја предадат во средата на српската Агенција за лекови и медицински средства (АЛИМС), неопходната документација за регистрација на нивната вакцина против коронавирусот и во Србија, објави провладиниот белгадски траблоид Курур.рс.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека ваквиот договор бил постигнат во вторникот на средбата меѓу претставниците на „Pfizer“ и „BioNTech“ со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар.

Премиерката Брнабиќ во вторникот за медиумите ја најави средбата со претставниците на споменатите компании, но српските власти досега не се изјаснија за резултатите од тие разговори.

Српскиот државен врв претходно најави дека до крајот на годината ќе набави милион дози од вакцината против коронавирусот, без да наведува од кои компании таа би била испорачана.

Велика Британија претходно денеска стана првата земја во свтото којашто ја одобри употребата на вакцината на „Pfizer“ и „BioNTech“, станувајќи пред САД и ЕУ првата западна земја којашто даде дозвола вакцината да се користи веќе од следната семица за најранливите групи во населението.