Пијалаци кои го удвојуваат ризикот од рак на дебелото црево

Вториот според процентот на смртноста карцином – на дебелото црево, за двапати е поверојатно да се јави кај лицата кои консумираат неколку видови популарни пијалаци, наведуваа научниците во студијата објавена во списанието Gut.

Авторите на ова истражување го проучувале податоците за навиките во исхраната на 95.000 луѓе собрани во текот на речиси 24 години, и заклучиле дека зависноста од пијалаци кои содржат големи количества шеќер го удвојува ризикот од појава на рак на дебелото црево.

Секојдневното консумирање таков пијалак било поврзано со зголемување на ризикот за 16 отто. Доколку таквите пијалаци се заменат со вештачки засладените пијалаци, со кафе, полумасно или полномасно млеко, ризикот би бил помал за 36 отсто.

„Намалувањето или замената со други поздрави пијалаци кај адолесцентите и младите може да биде потенцијално ефикасна стратегија за намалување на растечкиот ризик од ракот на дебелото црево пред 50-та година од животот“, нагласуваат научниците.

Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO), ракот на дебелото црево е вториот најчест тип на рак кај жените и третиот кај мажите.