Пијан скопјанец се пресметувал со полицајци

Ноќва во 00.30 часот, во близина на катна гаража на ул.„Народен фронт“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(72) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, бидејќи одбивал наредба издадена од полициските службеници, а при негово легитимирање физички нападнал еден од нив.

Како што соопштуваат од МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.