Пињера: Одговорен сум за проблемите во земјата, но нема да поднесам оставка

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера изјави дека нема да поднесе оставка и покрај протестите против властите кои траат повеќе од две недели.

Пињера, кој призна дека е делумно одговорен за проблемите во земјата, рече дека сепак нема да поднесе оставка.

Протестното движење во понеделникот влезе во трета недела на улични собири и покрај најавите на властите за разни социјални мерки.

– Проблемите се натрупуваат последниве 30 години. Јас сум одговорен за дел од нив, но не сум единствениот одговорен, рече чилеанскиот претседател, додавајќи дека ќе биде отворена истрага за прекумерна употреба на сила на протестите.