Европа мора да се консолидира и да воспостави нов тип на издржливост и на тој начин да одговори на предизвиците што ги носи изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, а тоа подразбира побрза интеграција на земјите од Западен Балкан, изјави хрватскиот европратеник Тонино Пицула.
Пицула за сараевскиот портал Dneven avaz изјави дека на сите им е јасно со какви отворени прашања ќе се соочи НАТО со Трамп во Белата куќа, но без разлика на тоа, Европската унија мора да ги зајакне своите капацитети и соработка во одбранбената и воената индустрија, поради неговата близина кризни жаришта како Украина и Блискиот исток.
Потсети дека ЕУ веќе извесно време „многу дискретно“ подготвува можни одговори доколку Трамп воведе царини од 25-30 отсто за европските стоки. Во исто време, целта е да се спречат загубите на големите извозници, бидејќи се очекува во 2025 година профитот на оние кои работат со САД да падне за пет проценти.
Во исто време, еврото би можело да ослаби за околу десет отсто во однос на доларот.
„Веќе се договорени некои контрамерки, тешко е да се каже дали ќе се применат, но ЕУ ќе мора да изгради некаква отпорност за себе“, посочи Пицула.
Тој, исто така, вели дека овие предизвици, заедно со потребата од консолидација на самата ЕУ, може да ја забрзаат европската интеграција на балканските земји и потсетува на изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека проширувањето не е само политички, но и морален приоритет на овој состав на ЕК. Сепак, останува прашањето колку државите од овој регион можат да ја искористат можноста што им се нуди.
„Јас сум еврореалист и би бил задоволен доколку до крајот на мандатот на Европската комисија се склучат еден или повеќе пристапни преговори, за да остане на дневен ред само ратификацијата, тоа би било голем успех“, рече Пицула кој е и известувач на Европскиот парламент за односи со Србија.
Во Белград некои политичари го обвинија дека е антисрпски настроен, но Пицула одлучно ги отфрла тие обвинувања и вели дека е задоволен од реакцијата на многу граѓани, некои партии и невладини организации кои го поддржуваат бидејќи знаат дека има одлични искуство.
„Властите и некои радикални политички групи ме доживуваат како закана, како некој што може да ја блокира Србија на нејзиниот пат кон ЕУ. Всушност, тие се многу позаинтересирани за повлекување средства, а не вредности од ЕУ. Поединец, не дури и Пицула може да го блокира европскиот пат на Србија, но тоа може да го направи актуелниот претседател на државата (Александар Вучиќ), кој ја има целата моќ да ја направи да напредува или не“, рече Пицула.