Пиење вода наопаку – Трик со кој ќе престанете да икате

Икањето е чест проблем кој се јавува скоро кај сите луѓе. Тоа претставува несакано контрахирање на дијафрагмата.

Дијафрагмата е мускулот кој ги разделува белите дробови и градите од абдоменот.

Постојат многу причини за икање. Може да биде одредена храна, спастична мускулна контракција, прејадување (преполн стомак), а причините може да бидат и медицински –т.е. појава на инфекција под дијафрагмата.

Вообичаено, икањето се создава кога разни иританти влегуваат низ душникот или хранопроводот и дијафрагмата започнува да се контрахира.

Еден од најчестите начини да се запре икањето е да го задржите здивот.

Но, постои уште еден начин кој е докажан дека во 100% од случаите го запира икањето, дури и кај човек кој не можел да запре да ика цела недела и поради тоа имал силни болки во абдоменот и не можел да јаде.

Трикот се состои во тоа да пиете вода од спротивната страна на чашата.

Поточно кажано, да ја оставите чашата на тврда подлога и да пробате да се напиете само со устата без употреба на рацете т.е. да ја наведнете главата и така да пиете од спротивната страна наместо од страната од која вообичаено пиете.

Ова функционира поради уникатниот начин на кој се контрахираат мускулите.