Пијан Охриѓанец со нож се заканувал во ноќен клуб

Ноќеска по полноќ во ноќен клуб во Охрид 25 годишен маж , под дејство на алкохол , со нож им се заканувал на гостите .

На десетти ноември оваа година, во 00.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, лицето Ф.А. (25 ) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика.

Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот,го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака. На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта, се наведува во соопштението на СВР Охрид.