Пијана жена го заби автомобилот во плакат кој повикува на возење во трезна состојба

Пијана возачка во Германија избрала невообичаена цел за своето возило – плакат со кој се повикува зад упраувачот да се седнува само во трезна состојба.

По инцидентот кој се случил изминатиот викенд, автомобилот не бил во возна состојба, па 21-годишната возачка до својот дом во Сандерн, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, пристигнала пешки а таму подоцна ја пронашла полицијата.

Била подложена на тест за пристуство на алкохол, откако полицајците намирисале алкохол во нејзиниот здив. Полицијата објави денеска дека младата жена привремено останала без возачка дозвола.

Соборениот плакат, инаку, прикажувал шише со вода покрај автомобилски клучеви со пораката „Пријатели за целиот живот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.