Пијат урина од крави за да бидат здрави

Хинду верниците сметаат дека кравата е свето животно, па така веруваат дека урината од нив има боженствени и лековити својства.

Четириесет и двегодишниот Јаирам Сингал тврди дека пие урина од крави, повеќе од десет години и имаат извонредно здравје.

„Имам дијабетес, но откако почнав да пијам урина од крава, моето ниво на дијабетес е под контрола“, рекол тој.

Тој тврди дека урината има силни својства и може без никаков проблем да се користи во борбата против ракот, дијабетесот, туберкулозата, проблеми со желудникот и уште многу болести, па дури и за лекување на ќелавоста.