Пике ја предводеше селекцијата на Каталонија

Во пријателски фудбалски натпревар игран на стадионот „Монтиливи“ во Жирона, репрезентацијата на Каталонија ја совлада Венецуеал со 2:1.

Каталонците до победата ги предводеше капитенот, 32-годишниот Жерар Пике, кој се прости од шпанската национална селекција по светското фудбалско првенство во Русија минатата година.

Каталонија поведе во 53 минута со голот на напаѓачот на Стоук Сити, Бојан Кркиќ, израмни бекот на Еспањол Роберто Розалес, а победничкиот погодок за домашните го постигна неговиот клупски колега Хави Пуадо.

„Имаме млада екипа која добро игра и среќен сум бидејќи добро се забавувавме. Минаа повеќе од две години откако последен пат игравме“, изјави по мечот Пике.

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) и Европската фудбалска репрезентација (УЕФА) не ја признаваат Каталонија, па дел од каталонските ирачи не добиле дозвола од своите клубови за настап на овој натпревар.

„Чави, Сеск и многу други недостасуваа, клубовите одлучија да не ризикуваат со нивните повреди и јас тоа го разбирам“, додаде бекот на Барселона кому ова му беше десетти настап за Каталонија, додека во дресот на шпанската селекција впиша 102 настапи во кои постигна пет голови.