Пикот на коронавирусот во Кина мина, глобално до јуни

Врвот на епидемијата од новиот сој коронавирус Covid-19 во Кина, жариштето на пандемијата, минал и бројот на новозарзените продолжува да опаѓа, а пандемијата во светот треба да заврши до јуни, објави кинеската влада во четвртокот.

Глобалната пандемија на коронавирусот веројатно ќе заврши до јуни, изјави Жонг Наншан, виш медицински советник на кинеската влада, пренесува Reuters.

Жонг, 83-годишен епидемиолог глобално познат по справувањето со коронавирусот SARS во 2003 година, вели дека бројните увезени случаи на заразата во Кина се асимптоматски, и оти процентот на реинфекција на пациентите кои заздравеле е низок.

Кинеската комисија за национално здравје соопшти дека врвот на епидемијата во земјата минал. Епидемијата во Кина е на „ниско ниво“ вкупно, рече Ми Фенг, порптарол на комисијата, пренесе агенцијата DPA.

Кина во четвртокот објави дека има најмал број новозаразени – вкупно 15, откако пред седум седмици започна секојдневно да известува за ситуацијата со епидемијата. Така, во централна Кина во четвртокот имало 7 нови случаи на зараза, вклучително и 6 случаи однадвор, а во покраината Хубеи, изворот на епидемијата, потврдени се 8 нови слуачи и тоа е првпат да има едноцифрена бројка на новозаразените.

Во моментов во Кина има вкупно 80.793 потврдени заболени од коронавирусот, од кои 3.169 починати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.