Пилешки прсти и чоколаден мус денеска на менито во кујната на Нетпрес

Потребно:
700 грама пилешки гради, исечени на ленти
50 грама брашно
1 јајце
200 гр презла
2 лажички зачин
3 лажици масло за јадење
Сол и бибер
Подготовка:
Во плиток сад измешајте ги презлата и зачинот.
Пилешкото месо извалкајте го во брашно во кое претходно сте ставиле малку бибер.
Потоа месото извалајте го во јајцето, па во презлата со зачините.
Загрејте го маслото на средна температура и пржете ги пелешките прсти додека не станат златно кафеави, од прилика две минути на секоја страна. Послужете со татар сос и вкусен помфрит.
Неодолив десерт кој лесно се подготвува.


Потребно:
300 гр темно чоколадо
3 jajца
1 лажица какао
¼ шолја шеќер
300 мл слатка павлака
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа или на тивок оган. Кога добро ќе се стопи, тргнете го од оган и оставете го да се олади. Во сад за матење изматете ги јајцата и шеќерот и се додека смесата не стане густа (односно додека не се дуплира нејзиниот волумен). Во таа смеса додадете го растопеното чоколадо и какаото во прав и матете ги заедно додека не добиете хомогена смеса. Во посебен сад изматете ја слатката павлака и постепено додавајте ја во претходно подготвената смеса. Матете додека не добиете пенеста смеса. Подготвениот чоколаден мус ставете го во чаши или мали чинии и оставете го во ладилник околу еден час. По желба, може да го украсите со шлаг или рендано чоколадо.