Пилот загина во воен авион што се урна во Калифорнија

Воен авион на американската морнарица се урна во пустината Мохаве во југозападна Калифорнија. Пилотот загинал, јавуваат агенциите, повикувајќи се на властите.

Авион Ф/А-18Е „Супер Хорнет“ од поморската воздухопловна база во Лимор се урна во областа Трона – населба во пустината Мохаве, округот Сан Бернардино, соопшти американската морнарица. Никој на земјата не е повреден.

Идентитетот на пилотот и детали за падот се уште не се откриени.

Во Лимор се стационирани две воздушни единици на американското воено воздухопловство со вкупно 16 оперативни ескадрили.

Во октомври минатата година, се урна ловец „Супер Хорнет“, овој пат од поморската воздухопловна база на Кинеското езеро. Имаше уште еден таков случај во 2020 година, повторно со авион од овој тип од Лимор. Во овие две несреќи за време на тренинг летови, пилотите можеа безбедно да се катапултираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.