Пилотите на „Мерцедес“ најбрзи во дождовниот Остин

Првиот слободен тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Америка на влажната патека во Остин помина во знакот на „Мерцедес“.

Најдобро време забележа лидерот во шампионатот, Луис Хамилтон кој го извозе најбрзиот круг за 1: 47.502.

Неговиот тимски колега, Валтери Ботас имаше за 1.304 послабо  време во својот најдобар круг.

По пилотите на „Мерцедес“ следеше двојката на „Ред Була“, а поблизок до Хамилтон беше Макс Ферстапен (+1.345), додека Даниел Рикардо задоцни за 1.824 .

Петто и шесто време имаа Себастијан Фетел и Кими Раиконен на „Ферари“.

Дождот го направи првиот тренинг монотон, а накратко беше прекинат откако Шарл Лелер поради излетување нанесе песок на патеката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.