Пилотот на малезискиот авион: Жена му го оставила, не бил во состојба да лета

Светот се’ уште е во шок по трагедијата која се случи со малезискиот авион, кој исчезна со 239 патници.

Според последните информации, пилотот  Захарија Ахмад Шах не бил вознемирен бидејќи неговата сопруга одлучила да се отсели од заедничкиот дом. Пилотот тоа го дознал пред кобното патување. Го одвел малезискиот авион на последно патување.

Пилотот на исчезнатиот авион Захари не бил во состојба да лета. Кратко пред полетувањето дознал дека неговата сопруга сака да се отсели од заедничкиот дом, открил негов близок пријател, пренесува Daily Mail. Иако Шах бил во врска со друга, страшно бил потресен од таа одлука.

„Тој е еден од најдобрите пилоти. Не сум медицински експерт, но со сето тоа што му се случуваше, убеден сум дека не бил во состојба да лета”, изјавил неговиот долгогодишен пријател, исто така пилот. Додал дека во последниот период неговиот живот бил во хаос.

Тој тврди дека постои можност Шах намерно да урнал авионот, а екипажот дознал за тоа кога веќе било доцна.

Овие тврдења се појавиле откако било откриено дека пилотот нагло го кренал авионот на преку 13.000 метри пред да исчезне од радарот. На таа висина останал 23 минути, а експертите објасниле дека по 12 минути авионот останал кислород, поради што патниците и екипажот паднале во несвест.

Експертите објаснуваат дека авионот летал додека не останал без гориво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.