21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Пилотот на Путин: Aвионот неконтролирано се тресеше, едвај слетав на пистата (ВИДЕО)

Владимир Федорушкин, истакнат пилот и некогашен командир на рускиот претседателски авион, откри како со неговиот копилот во една прилика доживеалле вистинска драма за време на лет со Путин.

Ситуацијата била толку сериозна што малку фалело да дојде до сериозна несреќа.

Летот бил од Москва до Санкт Петерсбург, а времето било лошо и во двата града, настанале силни турбуленции и тоа на ведро небо, објаснил пилотот.

Како што вели тој , тоа било тоа најлош лет во неговата кариера.

„Автопилотт нонстоп се вклучуваше, толку се тресевме што не можевме ни појасите да ги закопчаме, а со главата удиравме во плафонот на авионот“ раскажал пилотот.

Ни слетувањето не било ништо подобро поради силниот дожд.

„Управувачот на авионот моравме да го држиме мирно, а дури и во услови кога е мирно тоа е многу тешко“ се присетил пилотот.

И покрај се успеале да слетат безбедно, но пилотот го чекало нов проблем, Путин го повикал на разговор.

„Ме праша што се случи, имавме краток, но не многу пријатен разговор. Веројатноста да ја промашиме пистата беше 90 проценти, но сепак успеавме“ додал тој не прецизирајќи кога се случил инцидентот.