Пилотот на запалениот авион на Шереметјево вели дека ги погодил гром

Пилотото на патничкиот авион од моделот „ Sukhoi Superjet 100“ на руската воздухопловна компанија „Аерофлот“ кој во неделата вечерта се запали во текот на принудното слетување на московскиот аеродром „Шереметјево“, при што загинаа 41 лице, изјавил во понеделникот дека удар на гром предизвикал низа проблеми кои довеле до трагедијата/

Само неколку часа по несреќата, дел од преживеаните патници изјавија за медиумите дека авионот бил погоден од гром. Иако сѐ уште точните околности не се познати, капетанот на летот Денис Евдокимов изјавил дека авионот само што полетал за Мурманск со 73 патници и пет членови на екипажот, морал принудно да слета откако инструментите во леталото престанале да работат по удар на гром.

„Поради громот ја загубивме радиската врска… Успеавме да воспоставиме врска со помош на фреквенцијата за испраќање сигнали во случај на опасност, но беше куса и испрекинатата… Успеавме да кажеме неколку збора, а потоа врската се загуби“, рекол пилотот Евдокимов за весникот „Комсомолска Правда“.

Капетанот на летот рекол дека леталото се запалило поради тоа што при приземјувањето со целата сила удрила во земјата. „Причината е сигурно таа што резервоарите беа полни со гориво“’.

Анонимни извори запознаени во истрагата во неделата за медиумите изјавиле ека авионот слетал со полн резервоар за горивото, бидејќи било опасно да се изведе маневрата за празнење над Москва. Поради тоа веднаш е покрената истрага за кршење на прописите за безбедноста.

„Полетавме, влеговме во облак и тогаш почна да паѓа силен град. Во тој момент почувствувавме удар на гром, како да нѐ стресе струја“, рекла главната стујардеса на авионот Татјана Касаткина, пренесува приватната агенција Интерфакс.

На местото на несреќата се пронајдени двете „црни кутии“, објавија медиуми повикувајќи се на соопштението на Министерството за вонредни состојби.