Пимен: Од ум и од пизма ќе не снема, не од договори

Не од договори и устави, туку од ум и пизма ќе не снема – порача денес Отец Пимен од МПЦ.

Тој ја упати пораката на социјалните мрежи, појаснувајќи дека ако се јадеме едни со други, јасно е дека ќе не има се помалку.

-Нè имало и кога немало Устав. Нè имало и кога имало додавки како Македонија Прима и Македонија Секонда. Нè имало кога сме се обединувале во идејата да нè има повикувајќи ги соседите под знамето на слободата. Од ум и од пизма ќе не снема, а не од договори, устави и додавки или лоши соседи. Ако се јадеме едни со други математиката е јасна. Ќе нè има се помалку – порача Митрополитот на МПЦ – ОА.