„Пингдемијата“ во Британија ги загрози резервите на храна

Британските супермаркети објавија во четвртокот дека завладеал недостиг од одредени прехрамбени производи поради големиот број лица коишто преку апликацијата „пинг“ биле предупредени дека мора да се изолираат, бидејќи биле во конакт со заразено лице.

На насловните страници на британските весници се најдоа празните рафтови од супермаркетите на коишто недостигаат производи, бидејќи нема кој да ги реди а прогласена е и ткн „пингдемија“.

Британскиот министер за претприемништво, Кваси Квартенг, изјави за Sky News дека владата е „многу загрижена“ поради ситуацијата, но дека не забележал, како што опиша телевизијата, „празни“ рафтови во супермаркетите.

Со бројот на заразените кои во Велика Британија се качува кон показателот од 50.000 дневни коронаинфкеции, на стотици илјади луѓе апликацијата на англиската Агенција за јавно здравство (NHS) им наложува, или жаргонски речено им „пингала“ дека треба да се самоизолираат на 10 дена.

Драстичното намалување на персоналот предизвика хаос во разни сектори, од прекранбениот преку сообраќајниот и туристичкиот до производствениот и медиумскиот. Но за да ги избегнат компликациите, многумина ја избришале апликацијата од своите мобилни телефони, пренесуваат медиумите.

Од вториот најголем британски синџир супермаркети „Sainsbury’s“, порачаа дека купувачите можеби нема да ги најдат одредените производи кои им се потребни.

„Големи количества производи се носат во продавниците и нашите колеги се фокусирани на тоа да ги наместат на рафтовите што е побрзо можно“, изјавил портпаролот на продавниците.

Малопродажниот синџир „Iceland“ одговорил дека затворил одреден број свои продавници поради недостаток од персонал. Од нафтениот гигант „BP“, пак, потврдиле дека мораат привремено да затворат поголем број бензински пумпи поради недостаток од горива, но и затоа што нема доволно возачи на цистерните поради изолацијата.

Британските министри велат дека апликацијата има важна улога во борбата против ширењето на коронавирусот, кој досега во земјата усмрти околу 129.000 луѓе, што е седмата апсолутна смртност во светот. Велат и дека на некои од рабтниците кои извршуваат важни должности им овозможиле да продолжат со работата, дури и доколку се „пингани“.

Бројот на заразените во Велика Британија последните седмици бележи остар раст. Меѓутоа, имајќи предвид дека во рамките на програмата за вакцинирање со една доза се вакцинирани 88 отсто отсто од возрасното население, а со две дози повеќе од 69 отсто од возрасните, помал е бројот на смртните исходи во однос на бројот на заразените, а дневната стапка на смртност е релативно ниска.