Пирло: Берлускони го стопираше мојот трансфер во Челзи

Најголемиот „виновник” за последните две титули во италијанската Серија А, искусниот играч за врска од редовите на Јувентус, Андреа Пирло откри дека сопственикот на Милан, Силвио Берлускони е „најзаслужен” за неговиот пропаднат трансфер во редовите на лондонскиот премиерлигаш Чезли.

„Берлускони имаше многу тешка задача тој ден. Беше август, 2009 година, а јас веќе ги договорив личните побарувања, ја прифатив понудата на Челзи, повторно ќе соработував со Карло Анчелоти. Карло ми беше како татко, вистински пријател, секогаш позитивно расположен. Најдобрите години од мојата кариера ги поминав со Анчелоти. Поради него ја прифатив понудата на Челзи, но во истиот момент, Берлускони извади едно парче хартија. Беа напишани неколку имиња, а едно беше заокружено. Ми кажа да останам во Милано, ми кажа дека веќе сме го купиле Клас Јан Хунтелар. Ми кажа дека не смеам да заминам од Милано, дека морам да останам по секоја цена. Ми кажа дека јас сум симболот на Милан, дека јас сум оградата на Милан после продажбата на Кака”, откри репрезентативецот на Италија.