Пиштол и 40 куршуми пронајдени во дом на охриѓанец

Денеска (15.03.2022) во 12:25 часот на улицата „Партизански одреди“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми.

За настанот  е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.