Писмата на Марија Антоанета и грофот Ферсен откриваат само дел од тајната

Со дешифирање на писмата коишто ги разменувале Марија Антоанета и грофот Ферсен, кој ја уживал нејзината наклонетост, е откриен само дел од тајните со кои е обвиена нивната врска а другите допрва треба да се одгатнат, покажува истражувањето објавено во американското начно списание Science Advances.

Францускиот државен архив објави во јуни 2020 година дека благодарејќи на методата „спектроскопија со флоуросцентни икс-зраци“(XRF) се успеало да се прочитаат затемнетите делови од писмата.

Во сега објавената студија, тројца француски научници ја опишуваат методата со која во осум писма откриле делови кои биле прецртани, бидејќи мастилата биле различни. Тоа не им успеало во другите седум писма.

„Преписот од сите делови кои успеавме да ги дешифрираме под црнилото сѐ уште трае, го надгледуваат кустоси и историчари. Тоа ќе тема на другите публикации. Преписот сѐ уште треба да се протолкува“, истакнуваат научниците.

Швеѓанецот Аксел фон Ферсен, роден 1755 година кога и Марија Антоанета, почнал во 1778 година да го посетува дворецот на францускиот владетел Луј XVI каде се зближил со француската кралица. По буржоаската револуција од 1789 година безрезервно ја поддржува а во 1791-та организира, заедно со уште неколкумина, неуспешното бегство на кралската двојка која е уапсена во Варенес.

Марија Антоанета го заврши животот во 1793 година на голотина во Париз, а грофот фон Фересен до смрт го претепала бесна толпа во Стокхолм во 1810 година.

Најголемото откритие за коешто пишува Science Advances во петокот дека грофот делови од текстот во писмата од 1791 и 1792 година самиот ги затемнил.

„Грофот Ферсен не сакал да ги уништи тајните писма, туку прецртал некои нивни делови, сакајќи најверојатно да го заштити угледот на кралицата, а можеби и својот. Дешифрираните делови се многу сентиментални“, оценуваат истражувачите Ан Мишлен, Фабиен Потие и Кристин Андро.

Иако меѓусебната приврзаност на кралицата и грофот е очигледна, невозможно е со сигурност да се утврди карактерот на нивната врска. Многу историчари мислат дека недвосмислено биле љубовници, а други велат дека за тоа нема докази.

„Изборот на зборовите (љубен, нежен пријател, да се обожува, лудо) сведочат за посебниот однос меѓу Марија Антоанета и Ферсен, иако револуционерниот виор сигурно придонел за извесната сила на емоциите“, пишуваат авторите.

Во издание на „Мишел Лафон“ на 21-ви октомври ќе се појави книгата „Марија Антоанета и Аксел де Ферсен, тајни писма“ во која се собрани шеесеттина писма со коментар на историчакрата и козневаторката Изабел Аристид-Астир која работела на дешифрирање во соработка со Францискиот државен архив.