Писмо на кралицата Елизабета Втора продадено за 8.300 евра

Лично писмо на неодамна починатата британска кралица Елизабета Втора во саботата е продадено на наддавање во Германија за сума од 8.300 евра, објави аукциската куќа Eppli.

Писмото е продадено на наддавањето кое е одржано во Штутгарт, а за купувачот е објавено само дека е жена која живее во странство.

Писмото ѝ е упатено на германската јавачка Ети Плеш, родена како Марија Грефен Вурмбранд-Штупах, чиишто коњи двапати победиле на престижната трка Епсом Дерби во Англија.

Во него кралицата ѝ пишува на „милата госпоѓа Плеш“ дека била „одушевена од убавата слика на коњот“ во нејзиниот селски посед во Сандрингем „којашто од Вас и од господин Плеш ја добив за Божик“.

Подолу тогаш 40-годишната кралица го заклучува своето писмо со забелешката дека трпеливоста е можеби најважната особина при одгледувањето коњи, со малку среќа,

Фердинанд Бенедикт од аукциската куќа Eppli, изјави дека очекувал оти за писмото ќе бидат заинтересирани две групи наддавачи.

„Има ентузијасти кои бараа поштенски пратки со интересна историја или од истакната испраќачи, а тука се и обожавателите на британското кралско семејство“, рекол Бенедикт за агенцијата DPA пред почетокот на наддавањето.

Покрај писмото на кралицата, чијашто лицитација започнала со сумата од 2.600 евра, на аукцијата во саботата во понудата било и писмото од Бакингемскиот дворец од канцеларијата на тогашната принцеза Дијана.