Писмо од читател: Мизерен експерт

Мизерен експертЌе беше вистинско чудо, доколку експертот Ивор Мицковски- Савов не не просветлеше со уште едно негово експертско мислење за настанот која ја одбележа минатата недела, изборот на 1.600 граѓани, кои добија работа. Неговата колумна „Лотарија на мизеријата“, според насловот се чини е адекватен опис на менталната хигиена кај одредени луѓе.
Читам и не можам да верувам.

Мислев дека само вселената е бесконечна, но и просечноста на Ивор и неговиот основен недостиг на капацитет да ги осознае основните работи и поими, како и неговиот плиток интелект се исто толку бесконечни.

Да Иворе, го употреби зборот мизерија во својата последна колумна, ама тој збор требаше да го искористиш за да ја опишеш менталната состојба на твојата шефица Савова и нејзините глутница кучиња кои по наредба требаше да се исмеваат со судбината луѓето во државата, судбина која им ја скроивте пред 20 години.

Замислете две работи. Од една страна со колку само среќа и жар во очите, беа луѓето кои што 15-20 години седат без работа, луѓе чии семејства се на работ на егизстенција и чија судбина беше скроена во транзицијата, се радуваа на шансата која им се насмевна. Од друга страна, пак, замислете ги личностите како Ивор Савов, татини миленичиња испилени од оние чии татковци ликуваа со судбините на овие кои чекаа работа, седат пред телевизорите и смислуваат како да се самозадоволат и да ја уништат среќата на оние кои добија работа…

Се прашувам што е помизерно, тоа што Ивор незнае или што мисли дека некој му верува.

Не може ни да се очекува ситиот да му верува на гладниот. Оттука ни Ивор, дете цел живот рането со златна лажичка, дете на кое цел живот тате му носи, а мама му меси, ќе може да ја разбере судбината на илјадниците жртви на транзицијата, која ги создаде клапата која денес тој како второ колено во смејвството ја застапува. Иворе, мал си и од црвенобуржуарските дворци не можеше да видиш како во приватизацијата и транзицијата се создадоа реки на луѓе кои излегуваа од фабриките како невработени и се слеваа во сиромаштијата која твоите ментори од Бихаќка ја осмислија и им ја приготвија. Ај што ги втурнааа во сиромаштија работниците, туку и нивните деца, па цело детство ги оставија да гладуваат, без изграчки, без телефони, без можност да се образуваат, без никаква преспатктива.

Ти Иворе тоа не можеш да го сфатиш, затоа што ти тоа никогаш не си го почувствувал. Тоа е сиромаштијата во која 200.000 луѓе и нивните семејства беа принудени да живеат, но постои една мизерија во која живе една мала клика во која самиот живееш, мизерија која им се наситува на сиромашните судбини.

Бидејќи Ивор незнае што е мизерија, во кратки црти ќе му објасниме. Мизерија е кога синчето го продолжува делото на таткото и се труди да биде поголем џелат од џелатите, мизерија е слика која тие ја создадоа додека тој и татко му ги задоволуваа и го тераа ќеифот на старите комунистички функционери кои ги осиромашуваа овие луѓе и кога некој се сети да им помогне тие продолжија со мизеријата, менталната мизерија на нивниот плиток ум.

И човек кога ќе прочита таква колумна си вика, на авторот му е премногу од супстанциите кои им се омилени со шефицата и се гуши во омраза. Во сопствениот гнев и омраза.

Но зад ваквата малодушност се крие чувството на длабока искомплексираност и потребата да се биде актуелен по секоја цена.
Ниту Ивор Ќе беше актуелен доколку не беше чирак на така дарежливата шефица, ниту СДСМ ќе беше таму каде што е, доколку нивните ставови не ги бранеа луѓе како Ивор. Наместо да ја поздрави оваа мерка тој дополнително ги навредува луѓето кои имаат голема мака.

Тоа говори за кризата на вредности која владее во т.н. експертска група во која и Ивор самиот припаѓа. Народот вели кога не помагаш, барем не одмагај. Немој да се ситиш на судбината која ги натерала луѓето да се пријават на овој конкурс. Немој да ја навредуваш и омаловажуваш оваа шанса која им се дава на берам еден мал дел од нив да ја почуствуваат радоста да се добие плата на први, кога твојата партија ништо не направила самата да им ја обезбеди таквата среќа.

Народот ќе беше задоволен ако чуеше барем еден збор на пофалба од страна на тн. Социјалдемократска партија и ветување дека тие ќе изнајдат начин како уште најмалку току сиромашни луѓе да вработат. Така ќе покажеа дека имаат барем малку грижа на совест за жртвите кои тие ги создадоа.

Додека да се вразуми Ивор и не се спушти меѓу обичниот народ и нивните судбини, сигурно уште многу поганштини ќе прочитаме од него. Додека го клацкаат во скутот неговите ментори од црвената буржоазија, не очекувам ништо паметно да каже или уште повеќе да им посоветува во неговата матична партија.

П.С. Ако е маж Ивор нека се откаже од своите комодитети, кои квази Социјдемократската партија му ги обезбедува, и тоа барем на еден месец и нека почуствува како живеел барем еден од овие 1.600 ново вработени граѓани на Македонија.