Состојки:
ЗА КОРА:
500 гр. брашно
250 мл вода
пол лаж. сол
2 лаж. масло
ФИЛ:
издробено сирење 250 гр
2 јајца
пол. лаж сол
фил со зелје
зелје 500 гр
сирење 200 гр.
половина чаша павлака
2 јајца
1 лаж сол
Подготовка:
За кората соединете се, ако треба додадете уште брашно или вода. Тестото треба да биде еластично, да не се лепи за раце и оставете го половина час да отстои.Потоа поделете го на топчиња и почнете да развлекувате кори.
Секоја развлечена кора најпрво попрскајте ја со 2 лаж. масло па кората филувајте ја или со сирење или со зелје.Питата одозгора премачкајте ја со јајце и малку сирење.
Питата испечете ја на 200 степени, 35 минути.