Пивото ја намалува опасноста од дијабетес, срцеви заболувања и Алцхајмер

Истражувањата во САД покажаа дека луѓето кои пијат пиво имаат помали шанси да заболат од Алцхајмерова болест, бидејќи силиконот во пивото помага да се спречи падот на функцијата на мозокот. Експертите наведуваат дека една чаша пиво дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Студијата покажала дека оние кои консумираат пиво на овој начин имаат 42 отсто помали шанси да заболат од срцеви заболувања, во споредба со оние кои не пијат. Се препорачува пиво од пет проценти алкохол.

Силиконот во пивото е одговорен за зајакнување на коските, истиот што влијае на позитивната работа на мозочните функции. Студијата покажа дека луѓето кои консумираат умерено количество пиво имаат посилна густина на коските од оние кои не консумираат пиво, додека оние кои пијат премногу од овој пијалок имаат премногу слаби коски.

Поентата е во умереноста, која може да се примени кога е здравјето во прашање.

Студијата на Европската асоцијација за проучување на дијабетес покажа дека луѓето кои пијат до четири пати неделно имаат помали шанси да развијат дијабетес. Оние кои консумираат повеќе од оваа количина неделно, се 21 отсто помалку изложени на ризик од дијабетес. Според експертите, пивото го спречува наглото зголемување на шеќерот во крвта.

Пивото помага и да се одржат бели заби. Го спречува растот и развојот на бактериите кои се формираат на забите. Пивото е тестирано за бактерии кои се одговорни за развој на кариес и болести на забите, при што е откриено дека ја блокира нивната активност.

Тоа содржи антивоспалителни својства и на тој начин го штити организмот од воспаленија кои можат да бидат причина за многу болести. Благодарение на хмељот, пивото е идеално средство во борбата против настинки и инфекции на белите дробови. Истражувањата покажаа и дека тоа добро реагира на притисокОТ, односно го намалува.

Овој пијалок го спречува создавањето на камења во бубрезите. Финските научници открија декапиењето пиво го намалува овој ризик за 40 проценти. Се верува дека тоа е количината на течност која ги поттикнува бубрезите да работат понапорно. Пивото содржи посебни хранливи материи кои се хранливи. Богато е со витамин Б и протеини, а содржи иста количина на антиоксиданси како и виното. Богато е и со ниацин, кој е одличен за работата на косата, кожата и цревата, објави ДДЛ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.