Пјаниќ: Ова е најдобриот Јувентус во историјата

Играчот од средниот ред на Јувентус, Мирелем Пјаниќ смета дека овој состав на Јувентус е најдобриот во историјата на тимот. Босанецот, исто така, нагласи дека сака повторно да игра со Пол Погба. Пјаниќ додаде дека сака да му се исполни сонот да триумфира во Лигата на шампионите со тимот на „бјанконерите”.

Ќе се потрудиме да ја освоиме Лигата на шампионите со Јувентус. Ова е мојот сон. Триумфот треба за нас не да биде сон, туку цел. Кога потпишав со тимот, претседателот ми покажа слика од играчи на Јувентус, кои освоиле пет последователни титули и ми кажа дека треба да ги надминеме. Имаме одличен тим и треба да се подобруваме секој ден за да го засилиме нивото, изјави Пјаниќ за РАИ Спорт.

Алегри е одличен ментор кој не тера максимално да се трудиме. Тоа што го имаме Кристијано Роналдо зборува за тоа какви се нашите амбиции во иднина. Ова е најдобриот Јувентус во историјата. Буфон е вистинска легенда и можеби најдобриот голман на сите времиња. Тој имаше значаен дел во нашата соблекувална, а сега можеби и Киелини. Тој и Џиги знаат најдобро што е Јувентус, продолжи Босанецот.

Пјаниќ, исто така, беше запрашан за идејата за повторна соработка со Пол Погба. „Секој фан на Јувентус сонува Погба да игра повторно тука. Имаме многу добри играчи, а Пол е секогаш добредојден кај нас”, заклучи Миралем Пјаниќ.