Свет

Пјонгјанг бесен на САД зашто санкциите уште не се укинати, обвинува дека се поткопуваат напорите на Трамп

Пјонгјанг бесен на САД зашто санкциите уште не се укинати, обвинува дека се поткопуваат напорите на Трамп

Северна Кореја изрази големо незадоволство кон САД поради тоа што Вашингтон се’ уште не ги укина санкциите против оваа комунистичка земја и истакнува дека направила неколку гестови на добра волја, но сепак, Соединетите држави и натаму го следат „старото сценарио на однесување“ и со тоа загрозуваат секаков потег во насока на денуклеаризацијата.

Северна Кореја и натаму е обременета со бројни меѓународни санкции, како и посебни санкции од САД поради нејзините нуклеарни и ракетни тестирања во минатото. САД бараат целосно разоружување на нејзиниот нуклеарен арсенал, по што најавуваат дека ќе ги укинат санкциите.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ки Џонг-ун во јуни во Сингапур договорија дека ќе работат на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Меѓутоа, поединости од тој историски договор се’ уште се нејасни, бидејќи Северна Кореја еднострано не прифани одрекување од нуклеарното оружје кое го смета за одбрана од евентуална американска агресија против неа.

Минатонеделниот извештај на Обединетите нации покажа дека Пјонгјанг не престанал да произведува оружје, што го искористија САД да ја повикаат меѓународната заедница да не се откажува од санкциите, како што повикуваа, во прв ред, Кина и Русија, по самитот Трамп – Ким.

Севернокорејското министерство за надворешни работи истакна дека Пјонгјанг спровел низа помирливи потези, како што се запирањето на тестирањето на интерконтиненталните и други проектили, враќањето на посмртните останки на американските војници од Корејската војна, демонтирање на постројките за лансирања и нуклеарни тестирања.

Од Пјонганг, исто така, подвлекуваат дека САД се придржуваат до старото сценарио со коешто „претходните администрации се обидоа, но не успеаја“, како и дека некои американски функционери „ги поткопуваат напорите на Доналд Трамп со неосновани тврдења“. Заклучуваат дека „очекувањето на каков и да е резултат, додека се навредува партнерот во дијалогот… се налудничав чин, како што е чекањето да се изведе јајце кое врие“.

Претходно седмицава севернокорејскиот министер за надворешни работи ги оцени потезите на САД „алармантни“, откако претходно во јули ги нарекоа „гангстерски“ тактиките во процесот на преговори.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо, во моментов престојува во посета на Иран, каде што претседателот Хасан Роухани го предупреди дека на САД не може да им се верива, по искуствата коишто Техеран ги има со администрацијата на Трамп којашто се откажа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма во замена за симнување на санкциите.

Според иранските медиуми, Ри изјавил дека неговата земја ќе бара начин како да го сочува своето знаење за нуклеарната технологија, доколку реториката на САД кон Северна Кореја стане поагресивна.

„Имајќи предвид дека САД никогаш нема да се откажат од својата непријателска политика кон нас, ние поради тоа ќе го задржиме нашето знаење за нуклеарната технлогија“, го цитираат иранските медиуми во петокот шефот на севрнокорејската дипломатија.

Топ вести

собранието денеска одлучува за Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата. На матичната собраниска Комисија за уставни прашања во петокот по дводневна расправа, беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот. Поддршка за пристапување кон измените на Уставот дадоа пратеници на владејачкото мнозинство, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против. За да биде усвоена потребата од пристапување кон уставни измени треба да биде изгласана од две третини од вкупниот број пратеници во Парламентот. Во предлогот за измени на Уставот, кој Владата го утврди и соопшти во понеделникот, се предлага: Во целиот текст на Уставот пред Република Македонија се додава придавката северна; Измени во Преамбулата на Уставот со именување конкретни документи на АСНОМ заради усогласување со Договорот со Грција; Поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии и грижа за Македонците и дијаспората во странство што ќе значи дека Републиката ќе се грижи за културните, економските и социјалните права на нејзините припадници во странство без да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Од тоа дали ќе бидат обезбедени две третини за поддршка за измени на Уставот, ќе зависи и дали претстојат нови предвремени парламентарни избори, кои би се организирале со скратени рокови. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека уставните измени се апсолвирани и оти нивните пратеници нема да ги гласаат. Најавија дека се подготвуваат за избори. На состанокот на ИК на партијата викендов се разговарало за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет со акцент на подготовка на партиската инфраструктура, која е почната и подготовка на програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на вонредните парламентарни избори. Премиерот Зоран Заев пак, остава простор и очекува денеска секој пратеник во Парламентот да се соочи со одговорноста и да се изјасни по своја сопствена волја, следејќи го правецот за развој на државата што, според него, го избраа огромното мнозинство од граѓаните кои излегоа и гласаа на референдумот. Имплемнтација на Договорот со Грција и усвојување на уставните амандмани очекува и меѓународниот фактор. Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс викендов испрати писмо до претседателот на Владата Зоран Заев во кое му изразува уверување за неговата континуирана поддршка во овој важен момент за земјата и за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција. Во своето писмо Пенс нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност за европската иднина на Република Македонија. – Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја, пишува потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев со кого минатиот месец имаа средба во Вашингтон. Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини вчера во интервју за МИА порача дека Преспанскиот договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и дека оваа прилика може да не се повтори веќе. – Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија. Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни. Нашата позиција е јасна: ЕУ целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која можеби нема да се повтори. Се надевам дека сите страни ќе ги зграпчат моментот и дека ќе обезбедат иднина во ЕУ за земјата, иднина која цела нација се надева со години да стане реалност. МИА СОБРАНИЕПРАТЕНИЦИУСТАВНИ ИЗМЕНИ Спонзорирано видео

Уставните промени според договорот со Грција пред пратениците