Пјонгјанг бил подготвен за нуклеарен напад на САД, извори

Пјонгјанг бил подготвен да изврши нуклеарен удар врз САД, се наведувало во писмото коешто од Северна Кореја му било предадено на рускиот претседател Владимир Путин, изјавил за агенцијата РИА извор запознаен со ситуацијата.

„За тоа писмо ѝ беше дадено до знаење на американската страна, по што позицијата на Вашингтон кон Северна Кореја се промени“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.

Писмото севернокорејската делегација му го предала на рускиот претседател Владимир Путин преки спикерот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко за време на средбата на маргините од собранието на Интерпарламентарната унија кое се одржа во октомври. Според самата Матвиенко, претставниците на Пјонгјанг ѝ предале „оригинал од реакцијат на врховниот водач на С3верна Кореја, Ким Џонг-ун на настапот на американскиот претседател Доналд Трамп во ОН“.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека не знае ништо за ова писмо.

Во својот говор на Генералното собрание на ОН, Трамп остро ја нападна Северна Кореја со обвинувањата дека го загрозува целиот свет „со смртта на незамислив број луѓе“ поради „безгрижниот развој на ракетната и нуклеарна програма“. „Човекот ракета (како што Трамп го опиша Ким – з.р.) спроведува самоубиствена мисија за себе и за својот режим“, изјави тогаш американскиот челник.

Подоцна, Трамп сепак ја омекна својата реторика во однос на Пјонгјанг, изјавувајќи дека САД се подготвени да ѝ понудат на Северна Кореја „пат кон подобра иднина“, споменувајќи ја темата на преговори, и повикувајќи ги Русија и Кина да помогнат во решавањето на корејската криза.

Путин по завршувањето на самитот на APEC во саботата во виетнамското летувалиште Дананг, изјави дека Русија и Кина предложиле распоред во кој се изложени чекорите за решавањето на севернокорејскиот проблем. „Ставовите на Москва и Пекинг по ова прашање целосно се совпаѓаат, а од Вашингтон, Сеул и Токио во последно време има охрабрувачко сигнали за безалтернативноста на решението по пат на преговори“, рече рускиот челник пред новинарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.