Пјонгјанг има непријавени нуклеарни бази, тврди американски центар

Експерти на американски центар за стратешки студии соопштија во понеделникот дека во Северна Кореја идентифкаже икувале најмалку 13 од проценетите 20 непријавени оперативни бази за проектили, истакнувајчи дека тоа претставува предизвик за американските преговарачи коишто се надеваат дека ќе го убедат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и од прокетилите со долг дострел.

Во извештаите кои ги објави Центарот за стратешки и меѓународни студии од Вашингтон (CSIS), експертот Џозеф Бермудез наведува дека и покрај преговорите кои се во тек, забележано е дека се поправа инфраструктурата и се одржуваат некои од споменатите места.

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп ветија дека ќе соработуваат на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров на нивниот ненадеен историски самит во јуни во Сингапур, но догворите не беа прецизирани во поединости и досега е направен мал напредок во тој поглед.

Кусо по самитот Трамп во твите напиша дека „повеќе нема нуклеарна закана од Северна Кореја“. Пјонгјанг, пак, објави дека неговата нуклеарна програма е „завршена“ и оти го запрела тестирањето на нуклеарните проектили претходно оваа година, а пред странски медиумски екипи демонтираше еден полигон за нуклеарни тестирања.

Меѓутоа, американските и јужнокорејските преговарачи сега мора да постигнат Пјонгјанг да ги објем и сеопфатност на програмата за овој вид вооружување, или да вети дека ќе го запре распоредувањето на постојниот арсенал. САД бара Северна Кореја да го предаде својот нуклеарен арсенал и да го дислоцира од земјата, но Пјонгјанг уште смета дека тој претставува нејзина заштита од евентуална американска агресија и оти нема да ја повтори грешката на Либија, која се откажа од развивањето нуклеарна програма, но потоа беше нападната до западните сојузници.

Пјонгјанг објави дека ја затворила нуклеарната база Пангџи-ри, како и полигонот за тестирањата на прокетилит во Сохае. Навести дека можно е да бидат затворени уште некои нместа и да дозволат меѓународни инспекции, доколку Вашингтон преземе „соодветни мерки“, од кои досега немаше сигнали, во прв ред на симнувањето на меѓународните санкции.

Минатата седмица Северна Кореја го откажа состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Њујорк, а тамошните државни медиуми објавија во понеделникот дека САД и Јужна Кореја со одржување на воените вежби од намален обем го кршат неодамнешниот договор чија цел е ублажување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Локациите кои ги идентификуваат во извештајот на CSIS се наоѓаат во оддалените планински подрачја на Северна Кореја, и моќе да бидат користени за чување на балистичките проектили со различни дострели, а се верува дека тие со најголем дострол се способни да погодат која и да е цел на територијата на САД.