Пјонгјанг продолжува да работи на нуклеарната постројка

Северна Кореја ги унапредува своите постројки за нуклеарно истражување и покрај ветувањата за денуклеаризација на полуостровот кои ги даде во Сингапур, пишува во средата интернет страницата којашто ги следи активностите во оваа земја.

Сверенокорејскиот челник Ком Џонг-ун вети на средбата на 12-ти јуни со американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе се ангажира на целосната денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Но овој процес не е јасно дефиниран, а на самитот не беше донесен ниту јасен временски рок за гасењето на севернокорејскиот нуклеарен потанцијал и арсенал.

Трамп минатата седмица најави скорешно почнување на овој процес со изјавата „Ќе биде тоа сеопфатна денуклеаризација, веќе започна“. Меѓутоа, неодамнешните сателитски снимки покажуваат не само дека активностите во Јангбјон, најголемата севернокорејска нуклеарна постројка, продолжуваат туку и дека Пјонгјанг таму работи на усвршување на инфраструктурата.

„Неофицијалните сателитски снимки од 21-ви јуни покажуваат дека активностите на унапредување на инфраструктурата во Центарот за научно истражување Јогнбјон продолжуваат со забрзано темпо“, пишува мрежната страница 38 North којашто е специјализирана за следење на активостите во Северна Кореја во сферата на нејзините нуклеарни и балистички програми.

Меѓутоа овој ресурс истакнува и дека овие активности „не мора да бидат поврзани со севернокорејската најава за денуклеаризација“. Според 38 North, можно е стручни екипи за нуклеарна програма „да работата вообичаено во очекување на посебни наредби од Пјонгјанг“.

Северна Кореја минатиот месец во присуство на странски стручњаци и новинарски екипи во контролирана експлозија го уништи Пангери, единствената постројка за нуклеарно остражување на коешто изведе во минатото шест атомски проби, од кои една како што тврди тест на хидрогенска бомба, што беше оценето како знак на добра волја пред самитот меѓу Ким и Трамп. По средбата, Пјонгјанг не соопшти ништо за денуклеаризацијата, иако службените медиуми ја намалија антиамериканската пропагнада.