Пјонгјанг се пофали со нов тип проектили

Северна Кореја во четвртокот лансирала сосема нов тип проектил „земја-море“, објави во петокот службената новинска агенција KCNA.

Лансирањето изведено во четвртокот било „тестирање на новите крстосувачки ракети земја-море“, наведува агенцијата додавајќи дека ракетата „точно ги лоцирале и погодиле целите“.

Како што се наведува во извештајот на KCNA, ваквата „моќна ракета“ може да го погоди секој непријателски брод кој би се обидел да ја нападен Северна Кореја.

Јужнокорејскот министерство за одбрана објави дека во четвртокот утрото Северна Кореја истрелала салва крстросувачки ракети од типот „земја-море“, една седмица откако Обединетите нации ги заострија санкциите против оваа земја поради нејзините продолжени тесирања на балистички проектили. Советот за безбедност на ОН минатиот петок едногласно ги прифати новите санкции против дваесеттина севернокорејски функционери и компании.

Пјонгјанг од почетокот на 2016 година изведе десетина ракетни и два нуклеарни теста. Северна Кореја сака да производе интерконтинентален балистички проектил со нуклеарна боева глава којашто ќе може да го достигне американското копно.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека таков проектил „нема да стаса до САД, бидејќи антиракетен систем навреме ќе го пресретне.