Пјонгјанг тестираше нов ракетен мотор

(Photos by AFP)

Северна Кореја тестираше нов ракетен мотор кој би можел да биде адаптиран за интерконтинентална балистичка ракета, соопшти американски функционер.

„Денеска е тесторан ракетен мотор“, изјавил во четвртокот неименуван американски функционер без да наведе повеќе поединости, пренесува AFP.

Оваа вест доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг поради нараснатите и интензивирани севернокорејски нуклеарни и ракетни амбиции.

Во средата во Вашингтон американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара на средбата со кинеската делегација, како единствен сојузаник на Северна Кореја, да изрши поголем притисок врз Пјонгјанг за да прекине со нуклеарните и балистички програми.

Шефот на американската дипломатија ја нарече Северна Кореја „безбедносна закана од прв степен“ за САД и ја истакна одговорноста на Кина „во вршењето на многу поголем економски и дипломатски притисок врз севернокорејскиот режим, доколку сака да избегне нова ескалација во регионот“.