Плачкото Конте мисли дека е подобар од Капело

Предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Антонио Конте, без некоја посебна причина вербално го нападна актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Русија, Фабио Капело.

Трофејниот италијански стручњак пред неколку дена изјави дека Јувентус нема некоја посериозна конкуренција кога е во прашање борбата за шампионската титула во Серија А и дека поради таа титула, “старата дама” порано од предвиденото испадна од годинашното издание на Лигата на шампиони.

„Ние сме клуб што во овие две години урна низа рекорди во Италија и секој што говори против начинот на кој работиме искажува големо непочитување кон шампионскиот тим. И Капело уриваше рекорди со Јувентус, но титулите му беа одземени. Да бидам искрен, воопшто не се сеќавам каков фудбал играше Јуве со Капело. Се сеќавам на тимот на Липи, и Јуве на Трапатони играше убав фудбал, но кога ќе кажете Јувентус на Капело, прва асоцијација се одземените скудета. Без оглед кој што зборува, факт е дека ние од година во година играме се подобар фудбал“, изјави тренерот на Јувентус.

За разлика од Антонио Конте, кој важи за најголем плачко во италијанската Серија А и кој има освоено титула само како тренер на Јувентус, Фабио Капело може да се пофали дека популарното “скудето” го има освоено како тренер на Милан и Рома, а има освоено и две титули со најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М).