Плачот на бебето ги спаси од под урнатините

Спасувачките екипи во Индија спасија мајка и бебе кои биле заглавени под урнатините од свлечиштето. Тие се откриени и спасени благодарејќи на плачот на бебето.

Педесет и едно тело беа пронајдени под купиштата кал и камења донесени од свлечиштето кое го уништи селото во индиската држава Махараштра во средата наутро.

Претставници на локалната самоуправа соопштија дека 120 лица се уште не се пронајдени и шансите да преживеат се мали, но сепак постојат.