Пaлевски е со хематоми на главата, скршена рака и неколку повреди по телото

Претепаниот Љупчо Палевски – Палчо од непознати лица пред неговата куќа има неколку хематомина глава, велат извори од болницата, додавајќи дека има и скршена рака и неколку повреди по телото.

Лекарскиот тим ја следи состојбата и се консултиураат, за да утврдат дали има потреба од оперативни зафати.

„На 17.09.2020 година околу 17,15 часот пријавено е дека на улица Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Да посетиме дека Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан. Според информациите на Нетпрес тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат се неговиот живот.

Првичната претпоставка е дека нападот е политички мотивиран.
Од неговата партија Трета на Фејсбук објавија: “Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа. Облечени во црно,со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава.
На 55 годишен ли бе? Упатен е према болница со брза помош. Пи,ки“..