Планетите во ретроградно движење, дали треба да загрижува

Во мај Венера, Сатурн и Јупитер стануваат ткн ретроградни, односно ја менуваат насоката на сферата, што порано се сметало за кобни претсткажување. Всушност во Сончевиот сисем има само една ретроградна планета Венера. Но откривањето на ретроградните егзопланети претставува целосно изненадување

Уште во древните времиња луѓето забележале дека на небото се случуваат понекогаш чудни работи. Поголемиот дел од годината небесните тела ја следат насоката од запад кон исток, ако се подалуки од Сонцетот отколку од Земјата, и наеднаш се свртуваат, одат спротивно, а моментот кога тоа ќе се случи се нарекува стоење.

Во 1514 година Никола Коперник докажал дека Земјата не е центар на универзумот, туку дека заедно со другите планети се врти околу Сонцето. Секое небесно тело има своја орбита, а ретроградното движење коешто е видливо до Земјата е резулатат на нивната ткн суперпозиција. На пример, Марс на секои две години максимално се доближува до Земјата и одминувајќи ја исцртува трага во форма на букавата „s“.

 

Венера и Уран против сите

Сите планети во однос на Земјата на кратко време се движат наназад, но тоа е само навидум. Вистинските ретрогради физички не ротираат како и другите. Во Сончевиот систем тоа е само Венера. Доколку набљудувачот се наоѓа на северниот пол на Венера, би забележал дека планетата се врти околу својата оска во насока на стрелките на часовникот, а Земјата и другите планети спротивно.

Се верува дека планетите се фомираат заедно со ѕвездата од еден протоланетарен диск. Во теоријата, нивните орбити треба да лежат во иста рамнина, а насоките на кружењето во орбитите и околу оската треба да се совпаѓаат. Зошто во случајот на Венера тоа не е така, сѐ уште не е разјаснето, иако научниците ја истакнуваат нејзината голема сличност со Земјата, па дури двете планети се нарекуваат „близначки“. Една од објаснувањата е дека процесите коишто се случуваат во внатрешноста и во атмосферата за забавуваат ротацијата на Венера, така што во еден момент таа запира, а потоа почнува да се свртува во спротивна насока.

Далечниот леден гигант Уран, исто така, наликува на ткн ретроградни планети. Лежи настрана во однос на рамнината на својата орбита и го „гризе“ северниот пол, поради што се чини дека Уран ротира во насока на стрелките на часовникот. Но доколку биде поставен нормално, тој ќе стане нормален. Научниците сметаат дека пред милијарди години Уран се судрил со големо небеско телео и се превртел во простстранството. Втора хипотеза е дека планетата во минатото имала масивен систем од прстени, кој предизвикувал резонанца, ја залул и ја поставил во позицијата.

Заедничките правила важат и за месечините на планетиата,. На пример, Земјата ротира спротивно од стрелките на чаовникот, како и Месечините околу Земјата. Но еден од 13-те природни сателити на Нептун – Тритон е исклучок од правилото. Оттаму, научниците заклучуваат дека Тритон не му припаѓал на Нептун, туку бил независен мал објект, сѐ додека Плутон не го зафатил од Куиперовиот појас. Патем, Плутон кој е сличен по составот со Тритон, исто така, е ретрограден. Делумно, тоа и придонесе за неговото категоризирање во групата џуџести планети.

 

Аномалиите на жешките Јупутери

Она од што е Сончевиот систем е целосно лишен, е планета којашто би се движела по орбитата спротивно од ротирањето на Сонцето. Долго време астрономите веруваа дека тоа би требало да се случува со сите, но во 2009 година ја открија првата егзопланета со ретроградна одбита кај ѕвездата WASP-17 во соѕвездието Шкорпија. WASP-17 е најголемата и со најмала густина меѓу познатите егзопланети. Ваквите гасни гиганти ги нарекуваат и жешки јупитери.

Нејзината ретроградност со години ги интригира научнциите. Самар Наоз од Центарот за интердисциплинарни истражувања во астрофизиката при американскиот Северозападен универзитет го предлага можниот механизам на овој процес: заемното влијание на гигантските планети за време на миграцијата поблизу до ѕвезда или кафено џуџе. Но за негово спроведување неопходно е случајно совпаѓање на премногу услови, а тоа е малку веројатно. Во секоја случај, астрофизичарката постави смела хипотеза дека ваквите „ретроградни Јупитери“ не се реткост, односно ги има четвртина меѓу забележаните. Во секој случај, и постоењето на самите жешки Јупитери сѐ уште чека свое објаснувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.