Планинари од Македонија го искачија врвот Ерџиес

210

Четворица планинари од Македонија го искачија врвот Ерџиес на 3.917 метри надморска височина, кој е изгаснат вулкан и е покриен со снег во текот на целата година.

Убавата вест денеска ја соопшти Бранко Мојсов, долгогодишен планинар од Неготино.

– Меѓународниот планинарски фестивал беше на турскиот врв  Улудаз  на истоимената планина, висок 2.300 метри надморска височина, каде што има изобилство од бубамари и токму ним им е посветен самиот фестивал. Присутни беа околу 500 луѓе од повеќе држави, покрај домашни љубители на планините и  ние, од  Македонија, присуствуваа авантуристи од Косово, Иран и Азербејџан, соопшти Мојсов.

Мојсов и негов колега планинар од Неготино, како и двајца планинари од скопскиот планинарски клуб „Шкупи” ја претставуваа Македонија.

– Се работи за остар врв до кој и на крајот од јули стигнувате низ снег. Потекнува од вулкан и зависно од тоа од каде го гледате, како да има ѓаволски глави. Затоа и го нарекуваат ѓаволски. Потребни се и алпинизам и качување по јаже, нешто што досега не сум го практикувал при моите планинарски акции. Осум часа се потребни за качување и 6 за назад. Самиот врв е чисто карпесто место што се одронува поради вулканскиот состав, рече Мојсов раскажувајќи за искачувањето на Ерџиес.

 

Македонски планинари за Илинден го искачија Мон Блан

planinaМинатата година планинарите Петар Герасимов, Зоран Успрцов, Зоран Џидров, Александар Србиновски и Јован Мирчески беа дел од Mеѓународната планинарска експедиција која учествуваше во акцијата освојување на покривот на Европа врвот Мон Блан кој е на височина од 4810 метри.

Македонскиот дел од експедицијата, планинарскиот поход го започна 26 јули од Белград, каде што им се придружија и планинарите од ПСД Балкан од Република Србија.

Јован, Петар, Александар и двајцата Зорановци од Штип на врвот на Европа се искачија на ден пред најголемиот македонски празник Илинден, поточно во петок на први август во раните утрински часови.

Минатата година македонски планинари за Илинден го искачија Мон Блан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.