Планот на ВМРО-ДПМНЕ е да се спаси Македонија на национален, политички и економски план, вели Пандов

-За да дојдеме ние до планот, треба да дојдеме до најава за предвремени парламентарни избори, затоа што оваа Влада, овој Парламент, немаат мандат да го менуваат Уставот. Не, посебно кога над 80% од македонското население отфрла промена на Устав“, истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека во првиот и вториот столб, односно во националниот и политичкиот дел од планот, ВМРО-ДПМНЕ бара гаранција за македонскиот идентитет, македонската историја, македонската култура и македонскиот јазик. Додека во третиот столб од планот, поточно економскиот дел, е да се подобри економската и финансиска состојба на државата, бидејќи сегашните политики на оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ не носат подобрување.
За притисоците кои се зачестени, Пандов само го потврди ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема ниту милиметар да се отстапи од ставовите за уставните измени. Уставни измени под бугарски диктат нема да има.
„Власта со Договорот за добрососедство со Бугарија не вратија во 19-тиот, раниот 20-ти век за да говориме што бил Гоце Делчев, дали Тито и Кардељ не направиле нас Македонци “, рече Пандов.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи веќе власта да ја понижува Македонија и македонскиот народ.