Планот за 2023 на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се 748 капитални проекти во вредност од 70 милиони евра

Интегрална изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Денеска сме во Илинден. На мое искрено задоволство еве гледате во екот на градежните активности, градоначалникот Александар заедно со советот и администрацијата прават нешто што треба да биде пример како треба да се работи во општините во Македонија и во Македонија.

Јас сум задоволен што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека не се сите исти, дека има голема разлика помеѓу овие од владата на ДУИ поддржано од СДСМ, но исто ако ја гледате пораката која што секојдневно ја испраќаат само се однесува на тендери, на сомнителни јавни набавки, на скандали кои се случуваат во државните институции, за разлика од таа слика која што ја гледаме, другата слика е сосема поинаква, односно градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работата и испорачуваат. И можам да кажам дека планот за оваа 2023 година, согласно информациите кои што ги добив од тимот кој што е дел од мојот кабинет, а на дневна основна комуницира со градоначалниците е дека  во план се 748 капитални проекти да се реализираат, во вредност од прилика 70 милиони евра.

Знаете какава е финансиската и економска ситуација, знаете што се случува со обврзниците и со барањата за кредит, ова се со сопствени средства кои што веќе се планирани. Инаку доколку оваа влада мисли на граѓаните и на народот, и доколку ги одобри овие општински обврзници тогаш сумата за инвестиции ќе се труплира, ќе надмине преку 200 милиони евра.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да му честитам на Александар, на советот, на луѓето од администрацијата и да ги охрабрам вака да продолжат, јас ќе бидам нивна поддршка, идната владата на ВМРО-ДПМНЕ има план сериозно да инвестира во општина Илинден, бидејќи навистина овде имаме прекрасно место за живеење кое што од ден на ден станува се поубаво.