Платите се зголемија, но далеку е од она што се ветуваше, реагираат лекарите

67

„Ништо од ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите. Предизборното ветувањена СДСМ од 2016 година е далеку од реализација, иако се ветуваше како сигурно до крајот на мандатот на владата. Амбициозните најави се реализираа, но само делумно. Платите се зголемија, но тоа е далеку од она што се ветуваше“, реагираат лекарите.

Во однос на програмата, можам да кажам дека таа не е остварена. Доктор специјалист на Клинички центар, како и доктор специјалист во терциерно здравство ја нема остварено таа плата од 100.000 денари, моменталната нето плата е 55.370 денари – вели во изјава за Алфа др. Горан Беговиќ, претседател на Синдикат на Клинички центар.

Она што дополнително ја револтира лекарската фела е што и во вакви услови власта се фали дека платите на лекарите достигнале 111.000 денари. Но вистината е дека станува збор за сума која е во брутоа, а не нето износ што е далеку од предизборното ветување. Од Синдикатот на Клинички центар сметаат дека ветувањето не е исполнето а сумите на бруто и нето платите се нејасни и конфузни.

Доктор специјалист има нето плата од 55.370 денари, или како што министерот вели 84.177 денари. Тој истакна 111.370 денари просечна бруто плата, просечна плата колекивниот договор не подразбира. Колективниот договор подразбира основна плата и додатоци на плата за дежурства – додава Беговиќ..

Од синдикатот велат дека ќе реагираат соодветно и ќе се борат за исполнување на ветеното како и другите права на лекарите и здравствените работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.