Платно на Моне продадено за речиси 28 милиони долари

Платно на францускиот импресионист Клод Моне со приказ на лондонската река Темза е продадено за 27,6 милиони долари на наддавање во средата во њујорошки Sotheby’s.

Аукциската куќа наведува дека делото од 1903 година под наслов „Мостот Чаринг-Крос“ , е дел од серијата славни слики на Лондона на Моне, било најважната понуда на наддавањето.

Платното кое го прикажува железничкиот мост во измаглина, било дел од приватна семејна збирка 40 години.

На наддавањето биле понудени уште и бронзената скултура на Алберта Џакоменети, полатната на импресионистите Густав Кајбот и Пол Сињак, а рекодна цена постигнало платното на Тамара де Лемпицка.

На аукцијата биле продадени уметнички дела во вкупна вредност од 209 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.