Племенските шамани со молитви за спас на Амазонија

Додека илјадници пожари ја пустошат прашумата на Амазонија, некои домародни племиња се свртија кон молотвите во настојувањата да го сопрат уништувањето на нивниот дом и да се заштити и сочува за идните генерации.

Во селото Феихом, на западот од Бразил близу границата со Перу, староседелците од племето Шаненава во неделата изведоа ритуал за да се обидат да најдат помирување меѓу човекот и природата. Со ишарани лица, десетици припадници на племето танцуваа во кругови со молитва за запирање на пожарите.

„Сакаме мир и љубов“, изјавил за Reuters поглаварот на племето Текахејне Шаненнава, додека го изведувал ритуалниот танц, порачувајкќи и дека за запирање на пожарите кои ја нападнале Амазонија се потребни „мир, хармонија и образование“.

Десетици илјади шумски пожари се регистрирани во Амазонија во текот на годинешнава сушна сезибнам најмалку во последните повеќе од десет години, речиси истовремено додека новиот десничарски бразилски претседател Жаир Болсонаро порачуваше дека шумата треба да се искористи, а површините на домородечките резервати значително да се намалат.

„Доколу пожарите вака продолжат за педесет години повеќе нема да имаме шума. И нема да се чувстуваме сигурно во она што го имаме, во својата култура, во својот јазик, во своите песни. Без шумите нема да може да се занимаваме со земјоделие, нема да можеме да се прехраниме, а без нашата земја нема да можеме да живееме“, рекол за Reuters, Баинва Ину Хун Куин, уште еден поглавар на племето Шаненава, кое брои 720 домародци и држи околу 23.000 хектари земја.

Поголемиот дел од Амазонија се наоѓа во Бразил, но значителни области се наоѓаат и во Колумбија и Перу, каде што исто така се регистрирани пожари. Бразилскиот претседател Болсонаро призна дека владата нема доволно ресурси за борба против пожарите, а за многумина од ниве се верува дека ги подметнале одледувачите на соја и сточарите. Како краен десен сенатор и претседателски кандидат, Болсонаро се најде на насловните страници со омаловажувачките коментари во врска со индијанските племиња, а како претседател изјави дека премногу од територијата на земјата е непродуктивно, бидејќи домародечките племиња имаат посебни права.