Пленарна и две комисиски седници во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја продолжи 31-вата седница, а ќе заседаваат и две собраниски комисии – за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Двете комисии имаат пет исти точки на дневниот ред: Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 1 – делница Куманово – Бељаковце“, по скратена постапка – второ читање, редлог-закон за дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце-Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка – второ читање.

На дневниот ред на комисиските седници се и: Предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Набавка на нови влечни и влечени средства во МЖ Транспорт АД-Скопје“ кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и МЖ Транспорт АД-Скопје, по скратена постапка – второ читање и Предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка – второ читање.

Петта точка во дневниот ред на двете комисии е Предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка – второ читање.