Пленковиќ: Не е фер Македонија да биде оставена во чекалницата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, изјави во понеделникот дека неговата земја на загрепскиот самит на Европската унија во мај особено внимание ќе посвети на деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Пленковиќ, кој доаѓа од редовите на десната ХДЗ, во понеделникот учествуваше на состанокот со шефовите на парламентарните комисии за европски прашања на државите членки на ЕУ. Притоа ги претстави приоритетите на хрватското претседателство и повтори дека, меѓу другите, една од најважните задачи кои стојат пред Унијата е процесот на нејзиното проширување.

Истакна дека на самитот на почетокот од мај во Загреб, посветен на проширувањет на ЕУ, особено внимание ќе биде посветено на деблокирањето на ситуацијата во која се најдоа Македонија и Албанија на октомврискиот сами на Европскиот совет, кога Франција, Холандија и Данска го блокираа започнувањето на преговорите за полноправно членстви за двете земји.

„Отвореноста на Европа какво што беше во деведесеттите години повече никогаш нема да се повтори, сега имаме внимателно изработен процес на проширување“, реле Пленковиќ.

Истака дека „не е фер што Северна Македонија е ставена на чекање“ за отворање на пристапните преговорои, откако земјата си го промени името и уставот.