Пленумите се голи и боси, украсени со политичките маски

Нов тежок пораз нанижа збирштината од лустрирани кодоши и полициски новинари обединета за своите СДСМ-овски идеали во соросовиот Институт за отворено општество. Пораз за кој подеднако бреме на ТЕЖОК ЛУЗЕР носи и раководството на опозицијата. Од струмичкиот Бошко Буха, па надолу. Зошто збирштината е само нивна продолжена рака.

Пораз тежок како оној летово на светското во фудбал кога Бразилците беа здробени и понижени пред своите навивачи, од Германија со 7:1.

Можеби на студентскиот собир на улиците на Скопје, и навистина имаше чисто студентска мотивација и намера, но никако неможам да проголтам дека во деновите на акција, кои следуваа потоа, немаше длабока инволвираност на опозицијата. Сега, се докажа дека тоа е точно. Mаските паднаа.

Почнувајќи од сизифовските обиди на про-опозициските новинари, квази-новинари и политички симпатизери преку социјалната мрежа „Фејсбук“, да кренат врева дека демек „ете народот во Македонија се крена на нога“, а со единствена цел да се обидат по тек на инерција да привлечат што е можно повеќе луѓе на своја страна, па се’ до јавното појавување на раководството на СДСМ и другите опозициските партии на уличните протести. Никако да се помират со фактот дека народот едноставно неможе да ги свари.

Очајниот обид на опозицијата со студентите, рака на срце заврши очекувано. Не ме чуди што Груевски ги нокаутира, како што на времето легендарниот Ајрон Мајк, ги нокаутираше своите противници. Жестоко и безмилосно, и тоа уште на почетокот. А, најсмешни пак од сите ми се оние, кои до завчера од петни жили се бореа и гинеа за Професорскиот пленум, а по вчерашниот нокаут се разбегаа и сокрија како улични стаорци. Дел, пак, демек имаа доблест да признаат дека премиерот Никола Груевски ги поразил професорските пленумци, демек нивните морално-етички вредности не им дозволувале поинаку да постапат. Да не ги познавав лично, можеби и ќе им поверував. „Знам те пушко, кад си пиштољ била“.

А кој, пак, се надевал дека целава оваа работа на опозицијата нема да заврши неславно? Само оние кои се заслепени од манипулациите на СДСМ. За среќа на Македонија, пак, многу малку се.

Па, зарем Ванковска е човекот, кој може да застане како лидер и да победи некој како Груевски? Што би рекол нашиот Кили, ма дај не ме ј**и човече“.

Па, жената е толку изгубена во простор и време, што се залета ко вол у купус и мислеше дека со лајкови на „Фејсбук“ ќе стане претседател на Македонија! Забега во еден виртуелен свет, за кој по се’ изгледа никој не и објаснил дека нема никаква врска со реалноста. И тоа траеше така се’ додека не почна собирањето на потписи од граѓани потребни за претседателска кандидатура. Тогаш реалноста ја тресна по глава. Доби директ у нос. Нормално од граѓаните.

И таа истата Ванковска ќе му биде опонент на Груевски?

Уште пред првата сабја наведна глава.

Не ни влезе во „Александар Палас“. Сакала во Собрание. И го овозможија и тоа. Избега не се појави ниту таму. Мислам дека најдобро за неа е повеќе да не се појавува никаде во јавноста, ниту пак на „Фејсбук“. Нека се скрие во следниве 15-20 години, наместо да тресе зелени дека службено го добила мечот со 3:0.

Но, не е само таа кабает. Има таму со неа уште дузина. Цел Професорки пленум. Нивните фино изработени маски, им се стопија. Излезе на виделина производителот – СДСМ. Сега веќе кристално јасно се гледа нивната класична политичка сервилност. Телефонски се консултираат со менторите од СДСМ, што да прават, како понатака да постапуваат. Марионетска патетика.

Но, за жал тие не сфатилe досега една голема очигледност. Кога Груевски ќе се нафати за некоја работа, од корен ја проучува. Што викаат маалски, и праи ренту под корен. Не е лесно да го победиш. Единствена опција е и ти да се подготвиш и кондициски и теоретски, за да можеш да му бидеш достоен противник, да му парираш, а не гол и бос да излегуваш, како пленумциве.

И јас многу, ама навистина неизмерно многу сакам мој Вардар да игра во европската Лига на шампиони. Со Реал Мадрид, со Барселона, со Баерн Минхен, со Челзи… ама не иде тоа туку така преку ноќ. Треба подготовки и тоа исцрпни.

Никогаш не би сакал мој Вардар да биде Ванковска.