Плетената јакна на Гвардиола продадена за 6.000 фунти

Сивата плетена јана која менаџерот на Мначестер Сити, Пеп Гвардиола, ја носеше во поголемиот дел од минатата сезона во коај ја освои „тројната круна“ во Англија, првенството, ФА купот и Лига купот, е продадена на добротворно наддавање за 6.000 фунти.

Гвардиола по победата над Вотфорд во финалето на ФА купот, последниот натпревар на Сити изминатата сезона, изјави својата препознатлива јакан ќе ја донира во добротворни цели, а од клубот објавија дека ја купил нивен навувач од САД, Џејсм Хоџ.

Парите собрани на аукцијата ќе бидат донирани за набавување бесплатни оброци за сиромашни семејства во Манчестер во текот на училишните празници.

„Одушевен сум што се собрани толку многу пари во хуманитарни цели. Фантастично е, исто така, да се биде во можноста на навивачите да им се даде нешто лично, што ни помогна во остварувањето на неверојатниот успех минатата сезона“, изјави Гвардиола“.

Манчестер Сити  стана првиот клуб во историјата кои ја освоил тројната круна во Англија.