Плевнелиев: Румен Радев не е демократ

Поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев го обвини актуелниот шеф на државата Румен Радев дека е популист.

-Румен Радев не е демократ затоа што го прекрши Уставот. Никогаш порано претседател на демократска држава не се обидел да се бори за моќ на таков начин, да сее поделба во општеството на таков начин. Тој е популист, популистите не се демократи.Оваа влада сега работи во време на одлучувачки избори за претседателот Радев, за негов реизбор за втор мандат – изјави за БГНЕС, екс-претседателот на Бугарија во периодот 2012-2017 година.

Според него, бугарскиот шеф на државата никогаш порано не именувал за премиер некој што е негова десна рака.

Тој смета дека колку повеќе Радев е уверен дека ќе биде реизбран, толку повеќе ќе прави грешка во проценка на ситуацијата.

-Сега имаме тоталната апсолутна моќ во рацете на Радев. Сè започнува и завршува со него -вели Плевнелиев за БГНЕС.