Плодна година за играчите на НовоЛото7/34

Вчера во одржаното 41. коло за 2014 година, од играта на среќа НовоЛото 7/34, се постигна добивка 6+1 која на среќниот играч за уплатени 65 денари му донесе добивка од 437.583,00 денари.

Ливчето со добитните броеви е уплатено во продажното место на Државна лотарија на Македонија, обележано со Среќно место -Толлакс на плоштад Македонија во Скопје. Играчот одиграл три кобинации (секоја по 15 денари) и уплатил еден џокер (20,00 денари).

Во 2014 ова е четврта добивка 6+1 од кои првата беше остварена во јануари со добивка 405 илјади 966 денари, втората во февруари со добивка 475 илјади 412, а третата во април со добивка 509 илјади 725.

Во текот на оваа година во месец март во колото реализирано на 1 март се постигна 7-ка која на среќниот играч му донесе премија вредна 22 милиони 601 илјада 906,50 денари.

Играта НовоЛото 7/34, со оглед на бројот на редовни играчи е најомилената игра на граѓаните на Република Македонија кои со мали учества на своите среќни броеви им даваат шанса да им донесат големи парични добивки.

Играта НовоЛото 7/34 како и другите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија е достапна на над 200 уплатно исплатни места обележани со знакот Среќно место.