ПМФЛ: Без победник во дуелот меѓу Скопје и Брегалница

Скопје и Брегалница го комплетираа 8то коло во Првата лига со резултат 0-0. За екипата на Скопје ова беше прв нерешен резултат сезонава, со овој освоен бод остануваат на последната позиција на табелата.

Брегалница не успеа да ја оправда улогата на фаворит на средбата, на која ветеранот Даниел Мојсов заработи црвен картон, а во екипата на Скопје тоа беше Благоја Тодоровски.